09/06/2025

ДЕМАНТ НА АМБАСАДОРОТ АБДУЛКАДАР МЕМЕДИ: Лажна е веста дека се заловени и извезени рис и орел

Амбасадорот на Македонија во Емиратите, Н.Е. Абдулкадар Мемеди, се обрати до нашата редакција со објаснување за веста која беше објавена на нашиот медиум во однос на заловувањето и продажба на рис и орел кои се заштитени со нашиот Закон.

Имено, амбасадорот Мемеди во целост ги негира обвинувањата и пишувањата во веста и ни даде објаснување дека се работи за експонати, односно препарирани примероци на македонски рис и сур орел, кои биле изложени на штандот на Македонија кој бил обезбеден од Амбасадата за Дубаи Експо 2020, кој амбасадорот го организирал заедно со економскиот советник во македонската амбасада, Бекир Ајдини, кој бил и комесар за Дубаи Експо 2020.

Од амбасадорот Мемеди добивме и објаснување дека во период од 6 месеци, Македонија имала сопствен штанд на Дубаи Експо 2020 каде биле претставувани македонските природни убавини, народни носии, културни знаменитости, но и животни од заштитен вид. Во текот на шестте месеци додека траел настанот, амбасадата во Дубаи обезбедила бесплатно патување на сите делегации кои во тој период ги посетувале Емиратите, со што се потврдува силната врска и соработка помеѓу Амбасадата како главен претставник на Македонија во Дубаи и државниот врв на Емиратите.

Во оваа прилика сакаме да се извиниме на амбасадорот Мемеди, поранешните министри Османи и Нуредини, за неточната вест која беше објавена на нашиот медиум.

Во прилог, фотографии од изложените рис и орел на штандот на Македонија на Дубаи Експо 2020 кои ни ги испрати лично амбасадорот Мемеди.

Споделете