09/06/2025

СКАНДАЛ: ОД ВЛАДАТА НА СДСМ И ДУИ НЕЛЕГАЛНО БИЛЕ ЗАЛОВУВАНИ И ПРОДАВАНИ ЖИВОТНИ ЗАШТИТЕНИ СО ЗАКОН!?

До нашата редакција пристигнаа информации од добро упатени извори, дека во 2021 година многу веројатно нелегално биле заловени и извезени животни кои се заштитени со Закон во Македонија.

Имено, на 28.07.2021 одобрен е извоз за Дубаи на Рис и Сур орел, трајно заштитени видови со Закон во Република Македонија. Според изворот, постои прекршок според членот 228 од Кривичниот Закон и член 13 и 15 од Законот за лов на Македонија. За сега, не е познато од каде потекнуваат животните, кој одобрил заловување, и кој побарал и одобрил извоз на истите во Дубаи.

За да се заловат и извезат заштитени животни, согласност морале да дадат министерот за надворешни работи (во тој период министер е Бујар Османи), министерот за животна средина и просторно планирање (во тој период министер е Насер Нуредини), а најверојатно улога во процесот имал и македонскиот амбасадот во Емиратите, Абдулкадар Мемеди.

Останува нејасно и кој во Министерството за животна средина и просторно планирање одобрил да се извезат рисот и орелот и надвор од Македонија. Според членовите 13 и 15 на Законот за лов, заловување за научно истражувачки цели е дозволено, но во рок од три дена министерот на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство мора да ја извести владата. Според нашиот извор, Владата на Македонија и министерот на МЗШВ во тој период не добила информација за извршување на ваква постапка.

Проценка е дека вакви ретки животни трајно заштитени со закон кај нас во приватни ЗОО на блискиот исток достигнуваат милионски суми во долари.

Споделете