Славјанка Петровска: Нема место за „северна“ во името СДСМ

Ако треба, СДСМ ќе се откаже од државните пари, но нема да го смени своето име, согласно со Преспанскиот договор, кој предвидува и приватни ентитети да ги усогласат своите имиња со уставното име на државата „Северна Македонија“ според теоријата ерга-омнес.
Ова во интервју на поткаст за Плусинфо, со новинарот Бранко Героски, го изјави Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и кандидат за претседател на СДСМ, на изборите што треба да се одржат в недела на 30 јуни.
Истовремено, Петровска го критукува опонентот ВМРО-ДПМНЕ што не го користи името Македонија во своите соопштенија, и изразува тенденциозност во нејзините настапи за прифаќање на уставното име со придавката „северна“