08/06/2025

Стефковски: Моја јасна определба е Гази Баба без кал

Градоначаникот на Општина Гази Баба денес на својата фејсбук страна објави дека во буџетот за 2023 година ќе обезбеди 73.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на улици.

За прв пат во историјата на општината се определуваат 73.000.000 денари за асфалтирање на улици– напиша Стефковски.

Моја јасна определба е Гази Баба без кал, а тоа значи до крајот на мандатот да нема неасфалтирана улица во општина Гази Баба- додава тој.

Споделете