08/06/2025

Варга стабилен откако загуби свест на фудбалскиот терен

Селекторот на унгарската репрезентација Марко Роси проговори за состојбата на напаѓачот Барнабас Варга по натпреварот од групата Евро 2024 против Шкотска (1:0).

– Неговата состојба е стабилна. Тој е под опсервација во болница. Знаеме дека има скршеница. Не знаеме дали ќе мора да биде опериран, но сигурно е дека повеќе нема да може да се натпреварува на ЕП. Но, најважно е дека се е во ред со него, изјави Роси по синоќешниот натпревар.

Дваесет и деветгодишниот напаѓач изгуби свест откако се судри со голманот на Шкотска Ангус Ган. По укажаната лекарска помош, играчот на носилки бил изнесен од теренот.

Унгарија по синоќешната победа заврши на 3. место во групата А со шансите за учество во плејофот на Европското првенство.

Споделете