Претпладне многу жешко, попладне дожд

Денеска нѐ очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната дневна температура ќе се движи помеѓу 16 и 23 степени, додека максималната ќе достигне 39 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 37 степени.