08/06/2025

Французите му направија маска на Мбапе, но потоа дојде шок од УЕФА

Facebook / Équipe de France de Football

Мбапе на тренинг се појави со маска во боите на Франција, но сигурно нема да го гледаме таков на натпреварите

Француските навивачи останаа шокирани по повредата на Килијан Мбапе на Европското првенство.

Познатиот напаѓач го скрши носот на натпреварот. Првите прогнози не беа многу ветувачки, но тој успеа да се врати со помош на заштитна маска.

Имено, УЕФА ги забрани разнобојните маски и тие мора да бидат еднобојни. Не се знае дали тоа го знаеле во Франција, но доколку нема две различни маски, итно треба да направат нова за новата ѕвезда на Реал Мадрид.

Франција од 21 часот игра против Холандија.

Споделете