09/06/2025

Фондот за здравство повторно го одбил Леонид Индов за лекувањето во Виена, вели Јован Андоновски

За жал, повторно Фондот за здравствено осигурување го одби Леонид Индов за лекување во Виена, вели Јован Андоновски, заменик јавен правобранител.

„Момчето веќе неколку месеци е таму, трансферирано со медицинскиот хеликоптер на државата. Кој ќе го покрие лекувањето овие месеци?

Играњето мајтап со Леонид, но и со Јани и низа останати лица со иста или слична судбина стана дел од нормалноста. Не, ова не е нормално и вака државата не смее да се однесува со своите граѓани!

Споделете