08/06/2025

Украина уништи 10 дронови лансирани од Русија

Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека украинските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта ги уништиле сите десет беспилотни летала лансирани од Русија против Украина, пренесоа британските медиуми.

Беспилотните летала се уништени над регионите Запорожје и Дњепропетровск во Украина, соопшти украинското воздухопловство на апликацијата за комуникација Телеграм.

Споделете