09/06/2025

УЕФА со дисциплинска постапка против фудбалската федерација на Албанија

Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Албанската фудбалска федерација.

Причините се влегувањето на терен и фрлањето предмети при поразот на Албанија од Италија (1-2) во натпреварот од првото коло од групата Б одигран во саботата во Дортмунд.

„Сакаме да нагласиме дека се преземени сите неопходни мерки за успешна организација на натпреварот.

Настанот беше празник на европскиот фудбал и не се случи поголем инцидент кој би ја расипал позитивната атмосфера“, рече потпаролот на Албанската фудбалска федерација.

Споделете