Дневен хороскоп за понеделник 17 јуни

ОВЕН
Не сте сигурни дали е вистинско време да ги започнете плановите на кои работите со денови. Ако ги немате сите информации што ви се потребни, тогаш почекајте. Малку напнатост во емотивните односи, но тоа може да се регулира. Не ја нагласувајте тензијата.
БИК
Чувствувате притисок поврзан со деловните ситуации кои ви се важни. Сепак, изгледа оставате впечаток на личност која знае што сака. Не дозволувајте другите да откријат што се случува во вас. Знаете како да го натерате партнерот да се чувствува лошо бидејќи ги знаете неговите слаби точки и несигурности.
БЛИЗНАЦИ
Се обидувате да постигнете добра комуникација со деловните партнери, но се чини дека вашите зборови навистина не допираат до нив. Имате чувство дека некои работи ви се прават „зад грб“ и дека ги немате вистинските информации. Во емотивниот сегмент – љубомора и притисок од партнерот.
РАК
Денеска со малку труд можете да избегнете проблеми во деловниот сегмент, бидејќи ќе можете да се прилагодите на луѓето со кои работите. Можни недоразбирања со колега, но краткотрајни. Во емотивниот сегмент – отворете се кон личноста која ве интересира.
ЛАВ
Си наметнувате преголем притисок, но некако успевате да се справите со ова и да постигнете солидни деловни резултати. Во емотивниот сегмент – сакате разрешница на некои ситуации со партнерот, но не вие да бидете личноста која иницира, па ќе ја чекате другата страна.
ДЕВИЦА
Иако ви е тешко да иницирате некои прашања во деловниот сегмент, генерално сте задоволни од резултатите на овој ден. Ви се чини дека некои луѓе се подготвени да ве запознаат. Во емотивниот сегмент – разбирање и хармонија со саканата личност.
ВАГА
Не успевате да ги завршите обврските навреме, а не сакате да им се обраќате на колегите за помош. Ќе треба да дадете се од себе. Односот со саканата личност е променлив и постапките на другата страна многу влијаат на вашето расположение.
СКОРПИЈА
Решени сте конечно да ги завршите обврските кои со денови ги одолговлекувате. Денот пред вас е добар, а многу е можно да добиете покана за договор или средба со деловен партнер. Размислувате за некој кој бил дел од вашиот живот и не знаете дали да направите потег.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу работа, а вашата концентрација не е баш најдобра во моментов. Обидете се да се фокусирате на она што го работите, особено ако имате малку време да ги исполните обврските. Во емотивниот сегмент – партнерот тешко комуницира.
ЈАРЕЦ
Има многу на ваша страна – освен тоа, оние со кои стапите во контакт ќе бидат подготвени да ве запознаат. Исто така, очекувајте помош и поддршка од нив. Со вашиот ладен став ги одбивате луѓето кои би сакале да ви се зближат.
ВОДОЛИЈА
Би сакале да завршите многу работи одеднаш, но тешко дека ќе можете да го направите тоа денес. Напротив, сигурно е дека ќе згрешите или ќе се „изгубите“ во настаните. Можно е да сретнете личност која претходно се однесувала кон вас.
РИБI
Овој ден може да донесе обнова на комуникацијата со деловните партнери или рестартирање на приказни кои сте сакале да ги реализирате во претходниот период. Многу емотивно интензивен ден – ќе имате чувство дека сте обземени од љубов и нежност кон саканата личност.