Трамп и Бајден ќе дебатираат на 27 јуни

Американската телевизија Си-Ен-Ен ги објави правилата на дебатата на која се согласија кандидатите на претстојните претседателски избори, актуелниот американски претседател Џозеф Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни.
И двајцата претседателски кандидати ќе се појават на подиум кој ќе изгледа исто, а кој ќе им биде доделен со фрлање паричка, јави Си-Ен-Ен.
Модератори на дебатата, која ќе се одржи во Атланта, Џорџија, ќе бидат водичите на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер и Дејна Беш, а Трамп и Бајден за време на дебатата ќе имаат само лист хартија, пенкало и шише вода.