08/06/2025

ЕП: Германија ја совлада Шкотска со 5:1

Селекцијата на Германија ја декласираше Шкотска со 5:1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) вчера вечер во Минхен на „Алијанц арената“.

Во првите десет десет минути од натпреварот „падна“ првиот гол. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен- Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2-0. Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првите 45 минути Каи Хаверц од пенал зголеми на 3-0.

Во вториот дел Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5-1.

Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.

Споделете