Стефковски: Општина Гази Баба ќе обезбеди училишни униформи за сите ученици

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес објави дека се издвојуваат 12 милиони денари од буџетот на општината за набавка на училишни униформи за сите ученици.
Со почетокот на учебната 2023/2024 година, учениците од општинските основни училишта во Гази Баба ќе добијат бесплатни униформи- стои во објавата на градоначалникот.
Со ова се реализира уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните на општина Гази Баба- потенцира Стефковски.