08/06/2025

Без вода корисниците на потегот од Градски Парк- Школка до Влада и од бул. „Илинден“ до Градски Стадион

Поради уличен дефект од ф 80мм на бул св Климент Охридски бб позади Влада, без вода ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк Школка до Влада и од бул Илинден до Градски Стадион, информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:10 час до завршување на интервенцијата, велат од таму.

Споделете