Николоски: Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство!

-Законот за реформа на министерствата и органите на државната управа е изгласан со 88 пратеници ЗА! Прва голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите— напиша рано утринава пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Николоски додава дека ветуваното се остварува и дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно.
-Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство!
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно!
За Македонија! Доаѓаат поубави денови!- пишува Николоски.