09/06/2025

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето

Светската здравствена организација вчера соопшти дека еден пациент починал од подтип на птичји грип, која била лабораториски потврдена.

Во соопштението се вели дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на птичји грип, како што се: треска, дијареа, гадење и општа непријатност.

„Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни“, се наведува во соопштението на СЗО.

Случаи на подтип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.

Споделете