Вера Коцо: Мора да има казни за случувањата во судскиот и обвинителскиот совет

Судијката Вера Коцо во емисија национален медиум изјави дека мора да има казни за случувањата во судскиот и обвинителскиот совет
– Првенствено, ако се разрешува целокупниот судски совет и обвинителски, дали тоа не е политичка работа. Во судскиот совет во изминатиот период имаше драстични ситуации со беззаконие. Потоа успеаја да се консолидираат, иако се уште имаат проблеми. За мене е поважно да се најде начин и кои се виновниците за тоа. Мора да има казни и зошто да одговараат сите за некој кој дозволил да постапува на таков начин. Повторно се сведува на она што ќе одлучат политичарите, рече Коцо.