08/06/2025

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Утринава голем број на велешани кои патуваат со воз до Скопје останаа без превоз. Возот што сообраќа на релација Скопје-Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничка станица – Скопје треба да појде во 16:55 часот синоќа по поаѓањето се расипал, па поради тоа утрово истиот воз не пошол од Железничка станица – Гевгелија, информираат од МЖ – транспорт за Дневноинфо.

Според возниот ред на Железничка станица – Велес возот требало да појде во 06:27 часот.

Патниците денес беа револтирани што мораа да бидат изложени на дополнителни трошоци и бараат од ЈП МЖ – Транспорт што поскоро да го реши нивниот проблем. Голем број на велешани патуваат со овој воз на работа, на училиште, студенти на факултетите во Скопје и слично, па имаат месечен билет или билет со попуст.

Споделете