08/06/2025

Гордана Силјановска Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Од Кабинетот на претседателката ја потврдија информацијата.

Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни.

Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба до Собранието да го достави составот и програмата на владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Споделете