Пике под истрага за корупција?

Шпанскиот суд вчера објави дека поранешниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике е под истрага за неговата улога во преместувањето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, што наводно му донело заработка од четири милиони евра годишно преку неговата компанија Космос.
Судијата кој е задолжен за случајот за корупција со нерегуларните договори склучени од Шпанската фудбалска федерација оцени дека годишната провизија на Космос е најверојатно фалсификувана.
Во 2019 додека беше играч на Барселона, Пике посредуваше преку неговата компанија за договор за преместување на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија за сума околу 40 милиони евра годишно.
Тој договор е во центар на истрагата што го стресе шпанскиот фудбал, каде што обвинети се поранешниот претседател на Шпанската фубалска федерација, Луис Рубиалес и неговиот наследник Педро Роча.