08/06/2025

Трамп прогласен за виновен за сите обвиненија во случајот „пари за молчење“

Доналд Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој е осуден за кривично дело откако вчера поротниците во Њујорк го прогласија за виновен за фалсификување документи за да се прикрие исплата на пари на порно ѕвезда пред изборите во 2016 година.

По дводневна пауза, 12-члената порота во Њујорк донесе одлука со која Доналд Трамп е прогласен за виновен по 34 обвиненија.

Трамп го осуди судењето како „наместено“ и „срамотно“ и додаде дека е „многу невин“ и дека „вистинската пресуда“ ќе биде донесена на претседателските избори на 5 ноември, каде тој ќе биде кандидат од Републиканската партија.

„Вистинската пресуда ќе биде на 5 ноември, а ќе ја донесе американскиот народ“, рече тој во изјава во ходникот на судот во Њујорк, откако беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението.

Доналд Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој е прогласен за виновен во кривична постапка.

Мајк Џонсон, шеф на Републиканската партија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, го осуди „денот на срамот и американската историја“ како одговор на фактот дека Трамп беше прогласен за виновен.

„Денес е ден на срам за американската историја“, рече Џонсон, додавајќи дека тоа е „чисто политичка, а не правна постапка“ и дека обвинувањата се „смешни“.

Од изборната кампања на претседателот Џо Бајден беше објавено дека „никој не е над законот“.

Споделете