Лавров: Можна е организација на руско-украинска мировна конференција

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина.
Лавров посочи дека тој потег ќе биде продолжение на напорите на Кина за решавање на украинската криза.
-Ние го делиме ставот (на Кина) дека треба првенствено да се решаваат основните причини за конфликтот и да се заштитат правните интереси на сите страни, со последователни договори засновани на принципот на еднаква и неделива безбедност, рече Лавров во интервју за руски медиуми.
Како што нагласи, тоа „подразбира почитување на реалноста на теренот, која ја одразува волјата на луѓето кои живеат таму“.
Русија постојано повикува на преговори под услов Украина и Западот да ги признаат нејзините територијални придобивки во Украина, додека пак, Киев ги отфрла тие предлози.