Контингент од 28 унгарски полицајци замина за Србија

18-от полициски унгарски контингент составен од 28 полицајци замина за Србија за да може да продолжи спречувањето на илегалните мигранти да влезат на територијата на Унгарија и Европската Унија, изјави шефот на одделот за гранична полиција на Унгарија, Балаш Ласло.
-Ние сме должни да спречиме илегални мигранти да влезат на територијата на нашата земја, како и на територијата на Европската унија, и затоа тесно соработуваме со надлежните органи на соседните земји, рече Ласло.
Тој истакна дека поради постојаната соработка помеѓу српската и унгарската полиција е намален бројот за нелегални обиди за преминување на јужната граница.
Унгарските контингенти се задолжени за спречување и откривање на илегални гранични премини, како и кооперација во апсење на шверцери на луѓе и илегални мигранти.