Прва победа за Минесота тимбервулвс во конференциското финале со Далас маверикс

Минесота тимбервулвс ноќеска на гостински терен го совлада Далас маверикс во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА плејофот со 105:100.
Резултатот во серијата прв до четири победа сега е 3:1 за Далас.
До првата победа во полуфиналето од разигрувањето за титулата Минесота беше предводена од Ентони Едвардс кој забележа дабл-дабл – 29 поени и 10 скока. Имаше и девет асистенции и само едно додавање го делеше од троен ефект.
Трипл-дабл оствари Лука Дончиќ во поразениот тим. Словенечкиот кошаркар постигна 28 поени, 15 скока и 10 асистенции.
Петтиот натпревар во серијата ќе се одигра на 31 мај.