08/06/2025

Зеленски утре во посета на Португалија

Претседателот на Украина Володимир Зеленски утре ќе пристигне во Лисабон за средби со португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза и премиерот Луиш Монтенегро, соопшти португалската влада.

Посетата на Зеленски е дел од напорите за продлабочување на односите меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Ваквата посета ќе биде и можност за потврдување на поддршката на Португалија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за продолжување на политичката, воената, финансиската и хуманитарната помош за Киев.

Зеленски денеска е во официјална посета на Шпанија, каде потпиша договор за безбедност кој вклучува воена помош од над една милијарда евра. Украинскиот претседател побара од Западот да ја принуди Русија да склучи мир, во моменти кога Киев бара да го користи западното оружје за напади на руска територија.

Споделете