Саутхемптон обезбеди место во Премиер лигата

Поранешниот англиски вице првак од југот на англија, Саутхемптон се враќа во англиската премиер лигата по само една сезона одсуство после вчерашниот најочекуван и најскап напревар на Вембли кој го проследија рекордни 90 000 навивачи.
Победникот на плејофот добива парична награда од 120 000 милиони фунти што го прави најскапо натпреварување во светот. Доказ дека второто по ред фудбалско натпреварување во Англија е едно од најдобрите лиги во светот.
Во финалето на плејофот на англискиот Чемпионшип, Екипата на Расел Мартин со минимален резултат од 0 : 1 го порази екс-шампионот на англија, реноминираната екипа на Лидс Јунајтед која беше прдвоена од популарниот германски стратег и бивш помошник на Јирген Клоп, Даниел Фарке.
Стрелец на единствениот погодок беше поранешниот напаѓач на Њукасл Јунајтед и Блекбурн Роверс, Адам Армстронг. Гол кој по непишано правило следеше како казна за ужасната грешка на бугарскиот интернационалец од средниот ред, Илија Груев.
Интересно е тоа што игралките денови на Расел Мартин, тренерот на Саутхемптон, биле скратени токму од неговиот вчерашен противни Даниел Фарке. Имено токму Фарке го отпуштил Мартин од позицијата резервен голман во тимот на Норич (исто така нисколигаш) кога германецот го превзел кормилото на оваа екипа во 2017 година.
Мартин својата кариера ја продолжил во МК Донс каде ги обесил копачките и се втурнал во тренерските води, обезбедувајќе промоција на истиот тој тим во третата лига, добивајќи во меѓувреме акредитации за неговата игра со висок посед на топка.
Од МК Донс Мартин се сели во Велс на чело на екипата на Свониси од каде и преминува во Саутемтон.
Фарке го превзеде Лидс на почетокот од сезоната по една сосема просечна сезона во германискиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах. Тој два пати го водел Норич во Премиер лигата, се има стекнато и со титулата тренер на годината во Англија.