08/06/2025

ФК Вардар ќе добие 1.8 милиони денари од Општина Гази Баба

1.800.000 ДЕНАРИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ФК ВАРДАР‼️

Со задоволство сакам да објавам дека општина Гази Баба оваа година доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за фудбалскиот клуб Вардар.

Вардар е национална гордост на Македонија и ја заслужува нашата поддршка‼️

Од срце за Вардар‼️, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Споделете