09/06/2025

Челси се засили со Месињо

Лондонскиот фудбалски клуб Челси продолжи да троши пари на млади таленти, па така го договори 17-годишниот бразилски фудбалер Вилијан Естевао од Палмеираш.

Естевао е одлично крило со неверојатна лева нога и во татковината го нарекуваат и Месињо, а Челси го договори за 40 милиони евра плус 25 милиони во бонуси.

Премиерлигашот не планира да го испрати на позајмица, туку веднаш ќе биде промовиран во првиот тим на Челси, каде што ќе се пресели во јануари 2025 година.

Споделете