09/06/2025

Во хеликоптерска несреќа загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси

Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија.

Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати, пренесува ДПА.

Хеликоптерот на Раиси, заедно со уште два хеликоптери, бил на пат кон градот Табриз, откако претходно вчера тој ја отвори браната Киз Каласи на границата со Азербејџан.

Локалните власти присутни на местото на несреќата ја потврдија смртта на Раиси и другите патници, јави ИРНА.

Споделете