09/06/2025

Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Во раните утрински часови, утре (сабота), на подрачјето на Градот Скопје ќе се реализира авионската дезинсекција против ларви од комарци.

Ако временските услови се неповолни за реализирање на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Споделете