08/06/2025

Милошоски: Не е спорно што министерот на заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори, спорно е што си ја кодоши сопствената држава

Не е спорно што министерот на заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори за тоа дека ДУИ станала непожелен субјект на политичката сцена. Спорно е што министерот си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР, која како државна институција не е местото за вакви субјективни партиски поплаки., напиша Антонијо Милошоски на својот фесјбук профил.

На партиските поплаки местото им во партиското седиште на ДУИ. Или можеби во седиштето на ОБСЕ, каде токму Бујар Османи до вчера ја убедуваше целата домашна и меѓународна јавност дека сите институции се комплетно спремни за организирање на “европски” фер и демократски избори, додава Милошоски.

Споделете