08/06/2025

Ивор Мицковски: Ова не се политичари, ова се криминал-кукавици

Eкс дирекоторот на центарот за комуникации на владеачката СДСМ и екс уредник на Окно мк, Ивор Мицковски со коментар за маневрите владиниот партнер ДУИ.

“Османи им се пожалил на дел од странските амбасадори за компромитирање на изборите.

Ова не се политичари, ова се криминал-кукавици, идиоти без правила на игра, луѓе без чувство за пропорции.

Пробаа со тензии, се лигавеа ќе не спасувале од Русија, злоупотребија помали етнички заедници, се закануваа, направија бојкот, пробаа да крадат избори, и сега си ја цинкарошат повторно државата пред странците, пазете, државата и системот кои самите го креираат и го владејат 20 години, само затоа што луѓето им свртеа грб и покрај уцените и заканите.

Се надевам дека наместо да не прават “горди” со петпарачки и сенилен популизам, новата власт ќе смогне сили и храброст, да не направат малце горди со одговорност за сличните криминалци и штетници” напиша Мицковски на својот фејзбук профил.

Споделете