Митко Бојмацалиев оддаде почит на загинатите припадници на безбедносните сили во кумановското Диво Насеље

Утрото на 9 мај 2015 година ние кумановци се разбудивме со звуци од бомби, пукотници и растревожени лелеци од сограѓаните…
Диво насеље гореше, и за брзо се прошири веста за загинатите колеги, припадници на македонската полиција, во вооружен судир со терористичка групација.
Најскапоценото, својот живот во одбрана на Македонија, го дадоа припадниците на специјалните единици на македонската полиција.
Со длабока почит предводев делегација од МВР, составена од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска, заедно со претставници од единиците при Оддел за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово, положивме цвеќе пред спомен обележјето пред СВР Куманово.
Жарко Кузмановски
Ненад Серафимовски
Сашо Самојловски
Бобан Ивановиќ
Горан Илијевски
Исамедин Османи
Љубиша Аранѓеловиќ
Горан Стојменовиќ
Нека им е вечна слава! Никогаш да не се заборави!
Haпиша Бојмацалиев на својата фејзбук страница.