08/06/2025

ФОТО: Тројца повредени во тешка сообраќана несреќа во Влае

Screenshot / Youtube / Telma TV

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа се случила во 02:25 часот на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул. „Ангел Динев“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(32) од Скопје и автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

Screenshot / Youtube / Telma TV

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

-Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Споделете