09/06/2025

Временска прогноза за ден 03.05.2024

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во западните делови ќе дува засилен западен ветер.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени, додека пак, максималната ќе биде во интервал од до 22 степени.

Утре не очекува слично време. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.

Споделете