08/06/2025

Учениците на пролетен распуст, а неработните денови ќе се одработат со подолг престој на учениците во училиште

Од денеска до 6 мај 2024 година учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година. За прв пат има промена и во календарот за наставата, односно 2023/2024 за учениците од основните училишта ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците на 10 јуни.

Училиштата нема одржуваат настава на 8 мај (среда) поради одржувањето на вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024 година.

Со скратени часови и работно време до 11 часот ден претходно на 7 мај ќе работат оние училишта каде што следниот ден ќе се организира гласањето.

Како што информираат од МОН, наставата од неработните денови поради изборите ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителните часови.

Учениците од Скопје треба да надоместат и за пропуштената настава од 30 ноември кога беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

МОН ги задолжи директорите на училиштата за организација и планирање на дополнителните часови.

– Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН кое, по реакции во јавноста и од синдикатите, ја повлече претходната одлука пропуштеното да се надомести во саботи.

Споделете