Франција е вториот финалист на СП2022

Репрезентацијата на Франција денес со 2:0 ја совлада репрезентацијата на Мароко и со тоа стана вториот финалист на Светското првенство во Катар.
Мароканската репрезентација иако одигра натпревар за почит, сепак не успеа да извојува победа,а ни погодок на натпреварот. Мароко и Хрватска во сабота ќе го одиграат мечот за третото бронзено место на мундијалот.
Во финалето кое ќе се одигра в недела во 16 часот Франција ќе се соочи со селекцијата на Аргентина.