Дневен хороскоп: Овенот ден полн со нервоза, Јарецот не знае каде му е глава од обврските

ОВЕН
Оставивте неколку тензични моменти зад себе, но и понатаму ве тресе нервоза и стрес, бидејќи обемот на обврските е доста голем, а кратки ви се роковите за завршување. Ова не е време за конфликти со емотивниот партнер, особено ако деловната нервоза ја префрлите на емотивните односи.
БИК
Иако со голема мака и со многу трпение успевате да се усогласите со колегите. Можеби не сте целосно задоволни од резултатите, но тоа е она што е. Свесни сте дека сте направиле грешки или пропусти во односот со саканата личност и ќе се обидете да го поправите тоа.
БЛИЗНАЦИ
Деловен соработник ве „притискаше“, а можеби и критикуваше дека доцните со обврските кон него. Не протестирајте, затоа што сте свесни дека е во право. Направете го тоа што го ветивте. Ќе уживате во контактот со саканата личност, бидејќи ќе се олесните и ќе се опуштите.
РАК
Целосно сте посветени на обврските, иако не чувствувате доволно енергија и мотивација за работа. Ова е нерасположение и статичност од минлив карактер, како што ќе одминува денот така ќе се чувствувате подобро. Во емотивните врски – покажете почит кон саканата личност.
ЛАВ
Не сте сигурни како треба да постапите во ситуација која ви е збунувачка. Ви препорачуваме да почекате да се расчистат некои работи. Во емотивните врски ова може да биде прекрасен ден, исполнет со нежност и романса. Можности за нови познанства.
ДЕВИЦА
Денеска ви се наметнати големи обврски и на деловен и на семеен план. Прашањето е колку време, трпение и волја ќе треба да функционирате на неколку страни одеднаш. Можност за ново запознавање и контакт со личност која ќе ве интересира.
ВАГА
Многу значаен контакт или средба. Ако ви треба совет или помош, слободно обратете се кај некој постар колега или личност што ја сметате за авторитет за одредени работи. Би сакале вашата сакана личност да покаже повеќе разбирање кон вашите проблеми. Всушност – барате внимание.
СКОРПИЈА
Вашите планови во текот на овој ден се многу сериозни, а ќе имате можност да добиете силна деловна понуда. Се обидувате да воспоставите подобар контакт со колегите и блиските соработници. Проблемот од емотивна природа е незначителен, само сте го преувеличиле во вашата глава.
СТРЕЛЕЦ
Знаете точно што треба да направите и нема да дозволите некој да ви го расипе концептот. Внимавате на обврските, но и на луѓето со кои работите. Подготвени сте да ги слушате оние кои бараат совет. Одличен ден за емотивни контакти.
ЈАРЕЦ
Уште една обврска, се разбира во најнезгодниот момент, кога не знаеш каде удираш. Вдишете длабоко и подгответе се да се фокусирате на она што го правите. Интензивно размислувате за една личност. Не сте сигурни што да правите кога станува збор за неа.
ВОДОЛИЈА
Се однесувате коректно и пријателски кон оние со кои доаѓате во контакт, особено кон луѓето кои доаѓаат да побараат ваша помош и совет. Можно е малку да се порадувате бидејќи се покажа дека сте биле во право за некои прашања. Емотивно – добар ден.
РИБИ
Ви требаше поддршка од претпоставените, но тешко дека ќе ја добиете. Не сте спремни никого да убедите или инвестирате, па ќе се откажете од целата приказна. Добар контакт и комуникација со една личност преку работа или социјалните мрежи.