08/06/2025

ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежена за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Согласно чл.69 а од Изборниот закон, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Ова прашање е регулирано во Роковниците за Претседателски и Парламентарни избори 2024 кои се донесени и јавно објавени на 14.02.2024 година, посочуваат од ДИК.

Во Роковникот за Претседателските избори, се отенцира, е наведено дека кампањата за претседателските избори започнува на 4 април и трае до 22 април до 24 часот. Во Роковникот за Парламентарните избори, ДИК утврдува дека кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април и трае до 6 мај до 24 часот.

-Согласно горенаведеното, не постои никаков законски основ ниту надлежност или право на ДИК со подзаконски акт да ја прекинува, скратува или продолжува која било изборна кампања. Согласно сето ова, за време на молкот за претседателските избори, ДИК веќе има претходно објавено дека продолжува да тече кампањата за парламентарните избори, се посочува во соопштението од ДИК. 

Споделете