Дневен хороскоп за понеделник 22 април

ОВЕН
Шарено расположение денес. Од една страна сте прилично нервозни, од друга се чувствувате многу несигурно и не знаете како да се позиционирате во одредени деловни ситуации. Се сомневате во саканата личност. Некои нејзини постапки ве збунуваат.
БИК
Голема количина на обврски, а некои од нив не можат да чекаат. Свесни сте дека треба да се зафатите, но немате ниту сила ниту волја за тоа. Емотивниот партнер би можел да ви го разубави денот, но треба да се ослободите и да дозволите тој да ја води целата ситуација.
БЛИЗНАЦИ
Расположението ви е добро и покрај тоа што имате многу незавршени работи. Ќе направите селекција и ќе го правите само она што е потребно. Загриженост за трошоците. Можноста за средба или запознавање со личност со која веднаш ќе проработат искрите.
РАК
Што и да се обидувате да започнете или договорите, се соочувате со одложувања или блокади на патиштата. Ги немате вистинските соговорници, па можеби е подобро да се повлечете и да се фокусирате на редовните обврски. Емотивниот партнер ве притиска со својата претерана грижа.
ЛАВ
Денеска ќе мора да се задоволите со половина успех. Се чини дека не можете да направите ништо целосно. Размислувате за впечатокот што сте го оставиле на деловен соработник. Контактите со спротивниот пол ви носат голем интерес.
ДЕВИЦА
Не сте задоволни од вашите перформанси на деловен проект, па не ви е јасно зошто не ги добивате информациите што ги очекувате. Нервозни сте поради одложените плаќања. Кога комуницирате со емотивен партнер, обидете се да ја потиснете својата ексклузивност.
ВАГА
Не ги земајте драстично ситуациите или контактите во деловниот сегмент. Нервозни сте и напнати, не ставајте акцент на дискусиите за работите да не тргнат во несакана насока. Чувствувате дека вашата сакана премногу несериозно ги сфаќа вашите забелешки.
СКОРПИЈА
Мислите дека сте целосно фер кон соработниците и не ви е јасно зошто нивната нервоза е толку изразена. Не ги сфаќајте работите премногу лично. Имате одредена воздржаност кога е во прашање врската со емотивниот партнер. Нешто те мачи, а не знаеш ни што точно.
СТРЕЛЕЦ
Мислевте дека ќе успеете да завршите една голема обврска, но се испоставува дека таа ќе биде пролонгирана. Некои околности се сменија и во моментов ве блокираат. Можеби ќе бидете збунети од однесувањето на емотивниот партнер. Имате чувство дека некои работи се премолчуваат.
ЈАРЕЦ
Не сте сигурни колку можете да се потпрете на некои соработници. Многу работи ви се случуваат во главата, се обидувате да направите добар план за наредниот период, но тоа оди невешто. Емотивниот партнер се однесува доста доминантно и посесивно.
ВОДОЛИЈА
Јасно ви е дека некои луѓе не се спремни да ги испочитуваат своите ветувања или договори со вас и многу ве нервира ова. Спуштете ја топката, можно е наскоро да се сменат околностите. Премногу лесно реагирате на она што го сметате за провокација од емотивниот партнер.
РИБА
Сè што планиравте паѓа во вода. Излегува дека немате поддршка од луѓето кои ви се важни за да завршите некоја обврска или проект. Може да се чувствувате несигурни кога се во прашање емотивните односи. Во основа – само ви треба повеќе време со вашата сакана личност.