08/06/2025

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на митинг, денеска во 20.30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, велат од МВР.

Споделете