09/06/2025

Роберт Хабек пристигна во Киев придружуван од деловна делегација

Facebook/Robert Habeck Fanpage

Во Киев денеска пристигна германскиот вицеканцелар, Роберт Хабек во посета поради руските напади на енергетската инфраструктура на Украина, итаната помош и зајакнувањето на економијата на Украина, пренесува ДПА.

Роберт хабек, кој ја извршува и функцијата министер за економија, е придружуван од деловна делегација. Оваа посета доаѓа додека Германија се подготувува да ја одржи следната Конференција за закрепнување на Украина во Берлин на 11 и 12 јуни. Олаф Шолц и Володомир Зеленски ќе бидат заеднички домаќини на меѓународната средба.

По пристигнувањето Хабек изјави дека посетата се одржува во време кога на Украина и е потребна целата поддршка што може да ја добие во „нејзината борба за слобода“.

-Да, Украина се бори за сопствено самоопределување, за својот територијален интегритет против агресијата на (рускиот претседател Владимир) Путин, но се бори и за вредностите што ја обединуваат и ја карактеризираат Европа, рече тој.

Хабек во Киев меѓу другите ќе оствари средба и со Зеленски, вицепремиерката и министерката за економија Јулија Свириденко и Герман Галушченко, министер за економија на Украина.

Споделете