09/06/2025

МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот Курто Дудуш

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднела кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.

Во текот на 2020 и 2024 година, пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца, член 126.

Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

Според иницијалите инзнесени од МВР, претпоставуваме дека станува збор за градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, кој е претседател на партијата Унија на Роми и коалиционен партнер на ДУИ.

Споделете