08/06/2025

Собранието на Советот на Европа го поддржа членството на Косово

Мнозинството пратеници на Парламентарното собрание на Советот на Европа на пленарната седница во Стразбур на 16 април го поддржа членството на Косово во оваа организација посветена на човековите права и развојот на демократијата.

Сега останува на министрите за надворешни работи на Советот на Европа да одлучат дали ќе го прифатат Косово како најнова членка на организацијата или не.

Следниот состанок на Советот на министри ќе се одржи во средината на мај. Советот на министри за надворешни работи на Советот на Европа се состанува еднаш годишно, традиционално во мај.

Сепак, во дипломатските кругови се шпекулира дека членството на Косово можеби нема да биде на дневен ред на министерскиот состанок во мај.

Тоа се однесува и на активноста на петте земји – САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија – кои го поддржуваат Косово, но сакаат Приштина да се движи кон формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Во пресрет на гласањето за извештајот за членство на 16 април, како услов по членството во Советот на Европа се споменува формирање Заедница на општини со српско мнозинство, но се дознава дека италијанската делегација предложила амандман на овој извештај, барајќи од Косово да формира Заедница пред да влезе во Советот на Европа.

За одлуката гласаа 171 пратеник, од кои 131 беа „за“, 29 беа „против“, додека 11 беа воздржани. Ниту еден од амандманите предложени од Србија не беше усвоен.

Споделете