09/06/2025

Кирби: Администрацијата на Бајден е против одделни пакети помош за Украина и Израел

Џон Кирби, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност изјави дека администрацијата на Џо Бајден е против потенцијалниот предлог на републиканците во Претставничкиот дом за помош на Израел и Украина во два различни пакети.

-Ние не поддржуваме предлог-закон кој го финансира само Израел, бидејќи на Украина и треба муниција, наведе Кирби.

Тој посочи дека претседателот на Претставничкиот дом, Мајкл Џонсон ја добил пораката на администрацијата и престанал да се обидува и да ги одвојува пакетите за помош на Израел и Украина.

Споделете