08/06/2025

Жозе Мурињо би можел да го преземе Вест Хем Јунајтед

Поранешниот тренер на Рома, Жозе Мурињо би можел повторно да води еден од клубовите од Премиер лигата. 

Според „TEAMtalk“ лондонскиот Вест Хем Јунајтед е заинтересиран за услугите на 61-годишниот стручњак, сметајќи го Португалецот како можна замена за Дејвид Мојс, чиј договор истекува на крајот од сезоната 2023/24.

Мурињо претходно во кариерата тренираше тимови како Челзи, Манчестер јунајтед и Тотенхем во Премиер лигата. Тој стана трикратен шампион на Англија. Беше отпуштен од Рома во јануари оваа година.

Вест Хем моментално се наоѓа на осмото место во табелата во Премиер лигата со 48 бодови од 33 натпревари.

Споделете