08/06/2025

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред верските училишта и синагогите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, побара од полициските испостави да ја зголемат безбедноста пред верските училишта, како и синагогите, еден ден по нападот на Иран врз Израел и пред еврејскиот празник Пасха.

Тој побара од полицијата да има воочливо присуство пред „најчувствителните“ места за богослужби.

Дарманен истакна дека како што се приближува еврејскиот празник – од 22 до 30 април, ќе треба да се посвети големо внимание и на собирите кои привлекуваат голем број на луѓе.

Министерот истакна дека од денеска, чувари треба да бидат присутни и пред влезовите на верските училишта при влез и излез на учениците.

Оваа одлука е донесена поради „многу високо ниво на терористичка закана“, „високо ниво на антисемитски акти и тензии на меѓународно ниво“, вклучително и нападот на Иран врз Израел, додаде Дарманен.

Споделете