08/06/2025

Универзална сала ќе биде изградена во предвидениот рок, уверува преставник на изведувачот

Според претставникот на изведувачот Лазар Арсовски, работите на Универзалната сала може да почнат многу брзо, откако ќе заврши увидот и истрагата од надлежните органи, потоа негова обврска е да ги викне ИЗИС и професорите од Градежен факултет, кои ќе ја испитаат новата конструкција, челичната купола и останатите делови, а тоа се прави многу брзо, затоа што постојат дигитални мерни инструменти. Тој смета дека 99 отсто од конструкцијата е безбедна и дека ќе може наскоро да продолжи реконструкцијата на објектот.

Сега, по пожарот, треба да се изработи нов елаборат, кој ќе ги предвиди оштетувањата и начинот на остранување на останатите делови. Секој изведувач, што реконстриура и гради има лиценца, која подразбира и осигурување, па додека тој работи таму за секој инцидент што би се случил на објектот и се предизвика некаква штета, трошоците ги сноси изведувачот.

Универзалната сала ќе биде изградена во предвидениот рок, иако пред неколку дена изби пожар, кој пак ги зафатил деловите кои и онака требало да бидат отстранети, уверува денеска изведувачот.

Споделете