08/06/2025

Сијарто со загрижувачка порака: Мигрантите ќе ја „преплават“ ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Европската унија ќе биде „преплавена“ од мигранти доколку не излезе со нови програми за развој на Африка.

„Ако ЕУ продолжи да ги поттикнува луѓето да се преселат во Европа, наместо да воведува развојни програми во Афика, таа ќе биде преплавена со мигранти и ќе се соочи со непредвидливи безбедносни предизвици“, рече Сијарто на заедничката конференција со министерот за надворешни работи на Сиера Леоне, Муса Тимоти Каба.

По состанокот на економскиот комитет на двете земји, Сијарто изјави дека африканското население се предвидува да се зголеми за 750 милиони во следните 20 години.

Споделете